Стравот од повторување на ирачкото сценарио, ја спречува меѓународната заедница воено да интервенира во Сирија, смета британскиот премиер Дејвид Камерон.
Таквата резервираност на западот предизвикана од стравот од избувнување војна во Сирија го загрижува Камерон. Официјален Лондон е најсилен заговарач за меѓународна интервенција во Сирија, како и во случајот со Либија, кога беше соборен од власт, а потоа и ликвидиран полковникот Моамер Гадафи.
Велика Британија прва објави сознанија дека во Сирија е употребено нервен гас, а весникот „Тајмс“ објави дека британците успеале да земат почва за испитување, во потрага по доказ дека армијата користи нервен гас.
ЕУ, меѓутоа одбива и натаму да прифати дека било користено оружје за масовно уништување во борбите во Сирија, се противи на укинување на ембаргото за оружје за сириските бунтовници како и на уште една воена интервенција во муслиманскиот свет. Отпорот да се вмеша во двегодишниот судир меѓу бунтовниците кои сакаат да го урнат претседателот Башир ал Асад од власт и сириската армија, станува посилен откако САД и Велика Британија прогласија дека хемискито оружје би било „црвената линија“ до која Западот би можел да го толерира Асад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.