Тинејџер од Скопје синоќа во 22 часот пријавил дека околу 18 часот откако го напуштил градскиот стадион „Филип Втори“ (каде што бил на работа како редар за време на фудбалски натпревар помеѓу ФК Работнички и ФК Вардар), со неговиот другар се упатиле кон салата на КК Работнички.
На влезот од салата забележале десетина лица од навивачка група кои почнале вербално да ги навредуваат, а тој заедно со другарот влегол во возило на роднина, по што еден од навивачите го удрил возачот од возилото, а 17-годишниот скопјанец излегол од возилото за да избега, по што бил физички нападнат и со стаклено шише го удриле по главата.
Малолетникот бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“.
МВР соопшти дека презема мерки за пронаоѓање на насилниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.