| четврток, 6 декември 2018 |

Хјуманс рајтс воч: Турција да ја отвори границата за Сиријците

­

tur

Организацијата за заштита на човековите права Хјуманс рајтс воч инсистира учесниците на Самитот за хуманитарни прашања да извршат притисок врз Турција да ги отвори повторно границите за сириските граѓани, кои бараат азил.

Самитот почнува во Истанбул в понеделник и на него ќе се дискутира за иднината на хуманитарната помош. Претставникот на ХРВ, Гари Симпсон прецизира денеска дека поминала една година, откако Турција ја затвори границата за граѓаните на Сирија. Турција до моментов прифати 2,7 милиони сириски бегалци. Минатата недела земјата ја зајакна контролата на сириската граница и на нејзина територија прима само ранети бегалци. Според извештај на ХРВ, турските погранични полицајци отворале оган кон сириски граѓани, кои се обидувале да влезат во Турција изминатите месеци. Анкара го демантира ова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top