| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Договорот од Пржино се спроведува, не е потребен нов

Договорот од Пржино е спроведен во најголем дел и не е мртов, неговото спроведување продолжува, вели за „Пулт“ на Радио Слободна Македонија министерот за здравство и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров.

todododo

-Нов договор не е потребен, од причина што Договорот од Пржино се спроведува. Не гледам зошто би бил потребен нов договор. Опозицијата кога сака, нека каже, 100 дена пред избори ќе влезе во влада, ќе имаме избори, ќе загуби на тие избори и ќе заврши кризата. Од друга страна, имаме сериозни реформи според Прибе, кои ни претстојат. Избори и реформи не одат заедно така што или ќе имаме избори за три месеци или реформи за кои е потребна најмалку една година. Ние сме подготвени и за двете опции. Но СДСМ е тој што панично бега од избори иако тврди дека народот е зад нив. Ако е народот зад нив нека излезат на избори, тој народ нека гласа за нив и нека победат. Но реалноста е поинаква – вели Тодоров.

Тодоров смета дека со формирањето на политичката влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ треба да почне процес на стабилизација на општеството и спроведување на неопходните реформи што ги бара меѓународната заедница. Сепак, според него, важно е и СДСМ да не игра деструктивна улога како што се правеше во изминатиот период, особено со насилните протести.

-Оваа битка за слобода и демократија е лажна битка, фикција, дел од кампања. Тие викаат вака – ќе правиме програма – не не бива, ај да правиме кампања за слобода и демократија. Ај да најдеме држава каде нема слобода и демократија и да видиме како тоа таму функцвионира- дали опозицијата таму може да излезе и да каже дека нема слобода? Во Макеоднија нема човек што не го слушнал овој став на СДСМ. Тие му нудат на макеоднскиот народ слобода и демократија, а тоа не му треба – народот го има тоа. Му треба вработување, повисока плата, некому болница, некому ново училиште, некому градинка, водовод, пат… слобода и демократија се најзначајни, но тие во Макеоднија ги има – вели Тодоров

Тодоров најавува дека владата ќе продолжи со проектите и отворањето нови работни места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top