Фондот за здравствено осигурување на Македонија соопшти дека 11.902 осигуреници досега ги искористиле електронските услуги на порталот на Фондот со кои на брз, лесен и ефикасен начин ги оствариле своите законски права без притоа да мораат да доаѓаат на шалтерите на ФЗОМ.
Сетот електронски услуги ФЗОМ ги воведе во рамки на унапредување и олеснување на комуникацијата меѓу Фондот и осигурениците, фирмите и здравствените работници. Од воведувањето на електронските услуги, осигуреници, овластени лица и здравствени работници ги искористиле овие електронски услуги и поднеле барање од своите домови или работни места по електронски пат за остварување на одредено право. Најкористена електронска услуга е за заверка на ортопедски помагала, која 9.508 осигуреници ја искористеле и поднеле документи преку матичните лекари и лекарите специјалисти по електронски пат, а потоа следат барање за БПО (866), извештаии за спреченост при работа (838) и предлог за оцена на привремена спреченост за работа (690).
Придобивките од електронските услуги кои ги воведе Фондот за здравствено осигурување се бројни и за осигурениците и за фирмите и за здравствените работници, при што нема трошење на време и финансиски средства за да се оди до подрачната служба на Фондот. Можноста за увид во сопствениот предмет, дали тој е позитивно или негативно решен и кога ќе биде извршена исплатата доколку се работи за рефундација на средства е исто така една од бројните придобивки од електронските услуги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако одите на одмор во странство: ФЗОМ со важно известување до сите граѓани
-
ФЗОМ не сака преку медиумите да комуницира со своите партнери, најавува средба со Здружението на приватни гинеколози
-
Гинеколозите ќе издаваат само упати, а ФЗОМ нека лекува пациентки
-
ФЗОМ ќе ја зголеми квотата за овој месец и вкупниот буџет за лекови