Евгениј Трефилов седна на клупата на Астраханочка и донесе шампионска титула во Русија, прва во клупската историја. Иако очекувањата беа дека за титулата ќе се борат главните фаворити Ростов и Лада, Трефилов во свој стил приреди изненадување и трофејот замина во Астрахан.
Во финалната серија, Астраханочка прво на домашен терен го победи Ростов со 21-20, а потоа го изненади фаворитот и на гостински терен победувајќи со 28-26 и ја освои шампионската титула. Пред тоа, избраничките на Трефилов во полуфиналето ја елиминираа Лада со 2-1 во полуфиналната серија од три натпревари.
Актуелниот селектор на Русија седна на клупата на Астраханочка на полусезоната, а како засилување дојде и искусната Људмила Постнова што се покажа како клучен потег за најголемиот успех во клупската историја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брачен пар посвоил три деца од сосетка на умирање, а потоа следело вистинско изненадување! (видео)
-
Вардар е единственото изненадување во квалификациите за ЛШ
-
Вака ги изненадуваат патниците на аеродром: Кога му го виде пасошот, стјуардесата скокна на маса (ФОТО+ВИДЕО)
-
Уникаха ја изненади Малага на домашен терен и го освои Еврокупот