Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и посвежо со дожд и појава на грмежи. Попладне врнежите ќе бидат пообилни во западните и во северните делови. Ќе дува повремено умерен ветер од јужен правец. УВ=4
Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 15 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно и посвежо со дожд и појава на грмежи, особено попладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Температурата ќе се движи од осум до 19 степени.
В сабота времето ќе биде облачно со дожд и појава на грмежи. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, в петок во западните и северните делови, а в сабота во јужните делови. Се очекува да наврнат над 30 л/м2, а локално и околу 50 л/м2. В сабота дневната температура ќе биде значително под просекот за овој период од годината. Од недела се очекува стабилизирање со пораст на дневната температура. Услови за локален дожд ќе има и во вторник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.