| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе патници во приградскиот, помалку во градскиот и во меѓународниот превоз

patnici

Во првото тримесечје од 2016 година, бројот на превезените патници во однос на тој период од 2015 година, во приградскиот превоз е зголемен за 14,2 отсто, во градскиот превоз е намален за 11,6 отсто, како и во меѓуградскиот превоз каде што намалувањето изнесува 19,3 отсто, додека во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 13,2 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Во однос на тој период од 2015 година, бројот на патничките километри во приградскиот превоз е зголемен за 24,7 отсто, а во градскиот превоз за 2,6 отсто. Во меѓуградскиот превоз е забележано намалување што изнесува 10,6 отсто, како и во меѓународниот превоз каде што намалувањето изнесува 20,8 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top