
И Анастасија не сака повеќе да молчи, и таа се огласи по повод групата на „Фејсбук“.
Полнолетството на Анастасија Ражнатовиќ е моментално топ тема во регионот. Таа на 25 мај ќе наполни 18 години, а мајка и Цеца организира журка во хотелот Хајат.
Анастасија реши да ги прокоментира медиумските наслови, како и „Фејсбук“ групите во кои се предлозите за подарок за нејзиниот роденден.
– Воопшто не ми пречи. Луѓето се смеат, се забавуваат, мене дури ми е мило. Ако нив им е убаво, убаво ми е и мене. Секако има неумесни шеги и коментари кои не се на место, но Боже мој, тоа не значи дека ќе се затворам во соба и ќе плачам. Знам да прифатам шега на моја сметка. Сметам дека не се во ред вулгарните коментари, осудите и спомнувањето на татко ми во негативен контекст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


