
Во напад со автомобил-бомба, шеесетина километри западно од Сирт, убиени се 18 членови на либиската Влада за национално единство (ГНА), соопшти официјален владин претставник.
Судирите се воделе недалеку од Абу Греин, град на 130 километри западно од Сирт, кој во вторникот ГНА го зазеде од Исламска држава, чиешто упориште е градот Сирт.
-Во средата се убиени 18 маченици и 20 се ранети во судирите и атентатот со автомобил-бомба, рече портпаролот на Владата на национално единство.
Силите на ГНА и противничката влада стационирана на истокот од земјата и која му е верна на генералот Калифа Хафтар се натпреваруваат кој ќе почне офанзива за протерување на Исламска држава од Сирт, кој пак се наоѓа на 400 километри од Триполи.
Во вторникот во Виена меѓународната заедница ја поддржа идејата за ублажување на ембаргото за продажба на оружје на Либија за да и помогне на ГНА подобро да ги контролира припадниците на Исламска држава.
Либија е во политичка и безбедносна криза уште од 2011 година по убиството на Моамер Гадафи и соборувањето на неговиот режим. Оттогаш на власт се паралелни влади со седишта во Триполи односно Тобрук, кои имаат одвоени парламенти и вооружени сили.
Кон крајот на минатата година претставниците на двете влади од Либија под покровителство на ОН потпишаа спогодба за формирање либиска Влада на национално единство со цел да се надмине кризата.
Оваа влада требаше да ја преземе власта во земјата и за 12 месеци да распише парламентарни избори. Но, поради обновените несогласувања оваа влада досега не можеше во целост да ја преземе власта и да воспостави политичка стабилност во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро


