Под влијание на циклонска активност и влажен бран од Медитеранот, утре и в сабота времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи и појава на грмежи.
На повеќе места врнежите ќе бидат обилни, в петок во западните и северните делови, а в сабота во јужните делови. Се очекува да наврнат над 30 л/м2, а локално и 50 л/м2. В сабота дневната температура ќе биде значително под просекот за овој период од годината. Од недела се очекува стабилизирање со пораст на дневната температура. Услови за локален дожд ќе има и во вторник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.