| четврток, 6 декември 2018 |

Силен земјотрес кај Тетово, почувствуван низ цела Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 2 часот и 33 минути, регистрира земјотрес во земјава. Епицентарот се наоѓа 35 километри западно од Скопје и потекнува од тетовското епицентрално подрачје.

Според досегашните макросеизмички податоци, овој земјотрес е почувствуван во Тетово и околината со интензитет 4-5 степени според Европската макросеизмичка скала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top