| четврток, 6 декември 2018 |

Бедем: Жерновски не си поигрувај со националните чувства

secenje-drva-3saat-546x320Здружението на бранители „Бедем“ упати отворено писмо до градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, во кое, меѓу другото, го повикуваат да не си поигрува со националните чувства и да го руши споменикот на кој се испишани имиањата на брнаителите кои го дадоа животот за одбрана на Македонија. Во писмото стои:

Како бранители природно сме насочени да ја браниме сопствената земја од предизвици кои доаѓаат однадвор, и никогаш не ни помислувавме дека ќе дојде време кога ќе мораме да се спротивставиме на луѓе кои одвнатре предизвикуваат пакости и неразумни потези.
Како бранители кои за разлика од Вас како политичар не се водиме од политичкиот интерес, туку од чистото патриотско чувство на кои како граѓани на оваа држава имаме природно право, сме подготвени да одговориме и на таквиот предизвик кој како бранители го прифаќаме.  Затоа што ние не може да бидеме согласни кога гледаме дека Вие г-дине Жерновски и неколкумина како Вас си поигрувате со националните чувства и покажувате непочитување на луѓето кој ја граделе и создавале оваа држава.
Иако свесни дека остранувањето на спомен обележјата на истакнати македонски дејци не е во Ваша надлежност, Ви ставаме јасно до знаење дека доколку се дрзнете на ваков чекор ќе се соочите со жестока реакција на нас бранителите. Но тоа ќе биде реакција и на македонскиот народ кој е горд и со достоинство, свесен за својата историја. Овде не се работи за политика, туку за одбрана на националното достоинство, за одбрана на патриотските чувства, и одавањето на почит кон луѓето кои со сопствена жртва се вградиле во создавањето на оваа држава.
Искрено се прашуваме од каде е таа храброст или лудост да се бара да се отстрани споменикот на бранителите на кој се испишани 75 имиња на бранители кои го дадоа животот за нашата иднина, за вашата, за секој граѓанин на РМ. Да се острани споменикот на Ченто, чиј лик не го скршија комунистите, а сега Вие сакате неговиот спомен да го остраните, да се остранат спомениците на Президумот на АСНОМ, на Питу, на Гоце, на Карев, Чуповски, Шатев…се граничи со лудост.
Г-дине Жерновски не ја прифаќајте улогата на талибанец и немојте да бидете македонскиот Мохамед Омар Акхунд кој во Авганистан рушеше споменици, а вие во Македонија милувате да го следите неговото дело.  Со рушење не се обезбедува заслужно место во историјата, туку со градење и дела. Вие г-дине Жерновски сте избран од граѓаните да градите. Рушењето и разместувањето на спомениците, значи рушење на достоинството, честа и угледот на овој народ и оваа држава.
И на крај видете кој останува запаметен во историјата како голем лик и бранител на државата- Ченто или оние кој подмолно сакаа да го скршат, Шатев или турските генерали чии имиња никој не ги знае, вие кој сакате да ги срушите или народот кој ги сака и почитува. Затоа ви порачуваме да се откажете од оваа ваша одлука бидејќи че се соочите со незадоволството на бранителите од нашето здружение Бедем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top