Полицијата ги прислушувала телефоните на познати дилери и Ѓоша сосема случајно се вплеткал во мрежата. Преку мобилен разговарал со некој од нив и така дошле до него. Полицојата устврдила дека Митиќ кај себе има дрога. Во акцијата која следувала биле пронајдени 50 грама наркотици – раскажува извор упатен во случјаот и додава дека Ѓоша не е уапсен и против него не е покрената постапка, затоа што за полицијата наводно тој бил ситна риба.
Изворот на Курир додава уште некои детали:
Дали Ѓша се дрогира, не знам, ама знам дека се зборуваше по естрадата дека Ѓоша им нудел и им продавал дрога.
Ѓоша бил изненаден од информациите на новинарите:
Па сум пробал трева, но друга дрога не. Можеби некогаш сум бил во друштво на луѓе кои консумираат наркотици. Се движам по кафани и ресторани и што се не сум се изнагледал, ама јас дрога никогаш не сум пробал. Баш ме интересира од каде ви е таа приказна и кој ви рекол. Што не ќе чуе човек! Па, зарем ви делувам како некој кој е издрогиран? Сакам да јадам и да пијам, да бидам во друштво на убави жени, а што прават другите околу мене, не гледам. И не ме интересира – коментира познатиот актер, кој на нашата публика освен по улогата на Ѓоша во „Среќни луѓе“ ѝ е познат и по учеството во ТЛЗП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.