| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична за возачот на автобусот кој излета од пат во Унгарија

Kривична постапка е поведена против возачот на автобусот полн со македонски државјани, којшто ноќта во четвртокот излета од патот во близина на Будимпешта.  Како што информираат од МНР, Унгарските власти покренале кривична постапка поради несовесно предизвикување на несреќа со повеќе повредени. Од МНР не ја соопштуваат причината за несреќата. Неофицијалните информации на унгарските медиуми велат дека возачот најверојатно заспал.

Девет од патниците се пуштени од болница и чекаат да им биде организиран превоз за Скопје, а двајца продолжиле за Прага.  Во автобусот од вкупно 28 патници, 21 биле македонски државјани, четворица биле од Чешка и тројца од Бугарија. Македонскиот амбасадот во Унгарија, Дарко Ангелов, посочи дека човечноста и солидарноста ги спаси луѓето од најлошото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top