Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе биде и малку потопло. Ќе дува слаб јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 20 до 26 степени.
Во Скопје, слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне до 25 степени.
УВ-индексот ќе има вредност 7.
Под влијание на влажен бран во петок и сабота времето ќе биде облачно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Пообилни врнежи ќе има во петок во вечерните часови особено во западните и јужните делови и се очекува да наврнат над 30 л/м2 дожд. Во сабота дневната температура ќе опадне за пет до шест степени, а од недела се очекува стабилизирање со повторен пораст на дневната температура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.