За да ја задржиме позитивната енергија која ни е потребна да бидеме среќни треба во животот да направиме некои промени, пишува порталот „Дама“. Затоа ви претставуваме неколку едноставни работи од кои треба да се откажеме ако сакаме да бидеме среќни.
1. Да тежнееме кон совршеност
Совршена работа, совршен брак, совршено семејство, совршено тело…сето тоа се цели за кои копнееме, а кои всушност не постојат. Иако често ни се чини дека “тревата кај соседите е секогаш позелена“, станува збор само за чувство.
Ништо и никој не е совршен и затоа е важно да не копнеете по совршенство и да уживате во малите нешта.
2. Негативниот став
Негативните мисли и песимизмот влијаат на нашето расположение, а со тоа и на нашата среќа.
Животот е исполнет со негативни ситуации од кои често не можеме да побегнеме па затоа дополнителни негативни мисли не ни се потребни.
3. Животот во минатото
Негативните чувства многу често се предизвикани од размислувањето за минатото.
Без разлика дали се работи за фразата “ех барем тогаш да…“ и “можев…“ или пак страдање за поранешната врска, работно место или начин на живот секогаш со себе повлекуваат негативни мисли, чувства и разочарувања.
Затоа оставете го минатото таму каде што припаѓа и уживајте во она што е пред вас или она што допрва пристигнува.
Минатото не може да се промени, а сегашноста зависи од вас па затоа искористете ја на позитивен начин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.