| четврток, 6 декември 2018 |

Два ипол мажи продолжува

Единаесеттата сезона на популарната серија „Два ипол мажи“ (Two and a Half Men) е официјално закажана за снимање, објави CBS. Договорите на ѕвездите Ештон Качер и Џон Крајер се продолжени за уште една година. Според неофицијални информации Качер ќе заработи 700,000 американски долари, додека неговиот колега Крајер нешто помалку. Во меѓувреме, CBS само привремено ќе го врати 19-годишниот актер Ангус Т. Џоунс. Неговото учество во серијата беше ставено под знак прашалник откако тој изјави дека серијата е „ѓубре“ и дека не сака повеќе да глуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top