На четири отсто од бизнисите во земјава сопственици се жени. Сметководствени бироа, продавници, бутици, козметички салони, се бизнисите кои најчесто тие ги отвораат или, пак, работат во семејните бизниси. Жените се успешни на раководни позиции во компаниите. Вкупно 12 отсто од нив се на раководни функции, но само 2 отсто од нив управуваат со големите компании во земјава. Овие податоци вчера ги презентира Групацијата на жени при Сојузот на стопански комори (ССК).
– Овие бројки има предуслови да се зголемуваат, бидејќи жените можат да придонесат многу повеќе со оглед на различната перспектива и нови идеи и поголема претпазливост која ја носат со себе, а и процентуално, бизнис успехот на жените е поголем од оној кај мажите – вели Тања Дејаноска, член на управниот одбор на ССК.
Дејаноска, меѓутоа, смета дека стереотипите, економската немоќ и одговорноста на жените кон семејните обврски ги спречуваат да станат претприемачи.
– Сметаме дека од особена важност во насока на поттик и развој на женското претприемништво е да се промовираат позитивни бизнис приказни и практики на жените претпиемачи, да се развива професионален и лидерски пристап на жените кои сакаат да отворат свои бизниси, да се идентификуваат и разменуваат информации за финасиска поддршка за нови и тековни бизниси – вели Дејаноска.
Од Групацијата на жени при ССК сметаат дека треба да се зголемат и парите кои Министерството за економија ги издвојува за субвенционирање на женското претприемаштво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Не е убавината пресудна: Овие работи им се најважни на мажите кога избираат партнерка
-
Митровски: Државата овозможува мултимилионски бизнис со канабис, а граѓаните ги гони како криминалци
-
Работното време ѝ поминува на гробишта: Македонка со успешна бизнис-приказна
-
Жените ќе се грижат за парите во Македонија