Започна снимањето на продолжението на филмскиот хит „Трејнспотинг“, насловен „Т2“. Од продукцијата го објавија почетокот на снимањето на филмот, со видео тизер.

Во филмот се враќа режисерот Дени Бојл и сценаристот Џон Хоџ, а со нив и оригиналната актерска екипа составена од Ијан Мекгрегор, Џони Ли Милер, Евен Бремнер и Роберт Карлајл. Тизерот го најавува почетокот на снимањето на филмот, со сцени од оригиналниот филм, а како датум на премиера во Велика Британија е наведен 27 јануари, 2017 година.
Иако не објавија детали за приказната, според претходните информации, најверојатно новиот филм ќе биде екранизација на втората новела на авторот на „Трејнспотинг“, од 2002-та година, наречена „Порно“. Новелата „Порно“ ја раскажува приказната за ликовите десет години по „Трејнспотинг“, каде сега се обземени со бизнисот на порнографијата, а не со хероин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


