| четврток, 6 декември 2018 |

Се подготвува продолжение на филмот „Треинспотинг“

Режисерот Дени Бојл почна со работа по продолжението на култниот филм „Треинспотинг“.

Британецот изјави дека се надева дека продолжението на филмот ќе се појави во киносалите во 2016 – 20 години по премиерата на мрачната комедија со Ијан Мекгрегор, снимена врз основа на истоимениот хит-роман.

За време на работна посета на Остин, Тексас, Бојл истакна дека вториот филм ќе биде сосема малку базиран на првиот дел.

– Секогаш сме имале планови за снимање продолжение на „Треинспотинг“. Доколку добиеме пристојно сценарио, не мислам дека ќе има какви било бариери пред нас – коментираше Бојл за локалните медиуми.

„Треинспотинг“ се смета за еден од најдобрите британски филмови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top