| четврток, 6 декември 2018 |

Мајката на Царнаеви дел од американската терористичка база на податоци, браќата од Хрватка научиле да прават бомби

Мајката на осомничените за експлозиите за време на маратонот во Бостон, Зубеидат Царнаева, била додадена во американската федерална база на податоци за терористи, ТИДЕ. Според светската новинска агенција АП која се повикува на двајца анонимни американски владини претставници, тоа било сторено 18 месеци пред нападот во  Бостон. Се тврди дека листата била дополнета откако кон крајот на 2011 година Москва контактирала со ЦИА и изразила загриженост дека  Тамерлан Царнаев, еден од терористите кој беше убиен. и неговата мајка Зубеидат се верски милитанти што се подготвуваат да патуваат во Русија.

Се појави и информација дека браќата Царнаеви научиле како од експрес лонец да направат бомба со помош на „онлајн“ весникот на Ал Каеда „Инспајер“. Таму работела Хрватката Ирина Хорак, чије муслиманско име е Амина.

-Јас и мојот брат научивме како од експрес лонец да направиме бомба со помош на „Инспајер“, им рекол на истражителите младиот бомбаш, 19 годишниот Џохар Царнаев.

hrvatica boston

Тоа што го потврдува наводот на Џохар е фактот дека во еден број на „Инспајер“ се објавени прецизни упатства како да се изработи бомба чије куќиште е експрес лонец. Токму таквата бомба ја изработиле браќата Царнаев и ја активирале за време на Бостонскиот маратон.

По смртта на двајца членови на Ал Каеда, во магазинот „Инспајер“ почнала да работи Хрватицата Ирена Хорак. Ова списание го читале и браќата Царнаев, кои за време на Бостонскиот маратон ја активирале изработената бомба при што загинаа тројца, а беа повредени околу 180 лица.

Во 2011 година Ирена Хорак не можела ниту да помисли дека еден ден ќе работи за такво списание. Таа е родена и израснала во Хрватска во католичко семејство, тренирала атлетика, била одлична ученик.

За време на студиите живеела во околината на Загреб, а по студиите работела како социјален педагог во училиште во Загреб. Таму работела една година, а подоцна се вработила во една компанија. Исто така работела и како дефектолог. Сите ја паметат како добра и пристојна. На една свадба во 2009 година се заљубила во Британец со муслиманска вероисповед. Започнала да го проучува Куранот, а подоцна преминала во исламот и го променила името во Амина. Сеуште не се знае каде точно го сторила тоа.

Го почитувам него и тоа што го работи за исламот. Сакам да бидам до него насекаде, му напишала Амина на вметнатиот агент на ЦИА по пат на Фејсбук.

Ирена не знаела дека ЦИА во торбата и поставила уред за следење.

Агентите на ЦИА ја следеле. Од автобуската станица во Загреб, па се до летовите до Истанбул и јеменската престолнина Сана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top