| четврток, 6 декември 2018 |

Мистерија која ниту денес не е решена: Купил половен емпетри полн со тајни податоци

Еден од најголемите пропусти на американските разузнавачки служби се случил пред неколку години кога Крис Огле од Нов Зеланд купил половен емпетри плејер, а на него пронашол безбедносни податоци.

91198_1mpr

Тој, уредот за слушање музика го платил 9 долари, а не ни сонувал дека во него ќе најде доверливи податоци.
Кога после неколку дена го вклучил уредот на компјутер, пронашол податоци во дигитална форма со ознака строго доверливо. На него се наоѓал список од мисии на американската војска во Ирак и Авганистан, времето на нивниот почеток и оружјето кое ќе биде користено како и местата на кои оружјето е распоредено.

91198_INTENSO-MP3-PLAYER-MUSIC-WALKER-500x500

Една новинарка се заинтересирала за пронајдокот на Крис, па телефонски контактирала еден од војниците од доверливиот список. Војникот, откако му кажала како дошла до неговите податоци, занемел и ја прекинал врската.

Официјален Пентагон потврдил дека емпетри со доверливи податоци е „изгубен“ уште 2005 година, како и дека повеќе информации ќе објави откако ќе заврши истрагата.

Огле рекол дека Американците имале среќа што уредот завршил во пријателски раце.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top