Макс Вулдриџ (38) цели девет години бил во врска со омажена жена. Сега вели дека бурмата е првата работа која ја забележува на женското тело. И се колне дека никогаш повеќе нема да повтори нешто слично.
„Беше вљубена во мене. Се запознавме на забава во 2004 година. Беше русокоса и висока, имаше коса до раменици. Работеше на телевизија и беше многу секси. Ме заинтригира. Од мене беше постара две години.
Ми беше криво кога ја видов бурмата на нејзиниот прст и првото што си го помислив бепе „их, каква штета“. Сè додека не ми испрати мејл во кој ми предложи да ѝ докажам дека знам да готвам, и тоа во нејзиниот стан.
Прво отидовме на пијалок. Бев неодлучен. Има син од осум години, тоа ми помина низ глава. Но, после првиот бакнеж во мојата глава сè престана. Делуваше како она клише – дама на улица, а ѓавол во кревет. Се гледавме во станот на нејзините родители, кој претежно беше празен. Бевме вистинска двојка. Знаев каков кафе сака, ми спиеше на градите. Изгледаше толку лесно само да заборавам дека после тие неколку украдени денови таа му се враќа на својот сопруг.
„Те молам, извади ја бурмата кога се гледаш со мене“, ја замолив. Веднаш го направи тоа. Другите работи не беа толку лесни. Во аферата не постои спонтаност. Гледањата ни беа испланирани со недели однапред.
Во еден момент ја прашав дали сè уште спие со сопругот. „Се шегуваш? Луѓето во брак немаат секс“, ми одговори. Тоа и сакав да го слушнам бидејќи не сакав да ја делам со типот со кој беше омажена 12 години. Девет години бев со неа, а не ги запознав нејзините пријатели. Бев тајна.
Сè плаќавме во готово за да нема траги на картичката. Планирањето беше многу напорно. Знаев дека заслужувам повеќе од тоа. Дека сум ѝ верен на неверна жена. А, после девет години љубов ме напушти, и тоа со зборовите „запознав некој друг“. За малку ќе изгубев свест. После тоа веќе не ми се јави.
После толку години поминати заедно не познавам ниеден нејзин пријател за да го прашам како е. До раскинувањето поминаа три години, ми беше потребно многу време за да се опоравам. И понатаму не ми е сеедно кога ќе слушнам за неа. И себеси си ветив нешто – сакам да шетам со некоја во недела, да бидеме заедно за Нова година, да не се грижам кога да ѝ се јавам.
Инаку, два месеци откако ме остави го пронајдов мејлот од нејзиниот сопруг. Му испратив порака да видам дали тоа е навистина тој. Ми одговори дека е. Му раскажав сè, а тој никогаш повеќе не ми одговори“, ја завршува својата исповед Макс, пишува Daily Mail.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.