Во време кога Либија пати поради тешките економски проблеми, златниците и сребрените ковани пари од времето на Гадафи, вредни 184 милиони долари се заклучени во сефот во градот Бејд на истокот од земјата, но до нив засега е тешко да се дојде.
Имено, додека локалните официјални лица ја немаат шифрата за да го отворат сефот, спротивставените фракции во Триполи не сакаат да го откријат.
Гувернерот на централната банка во источна Либија, Али ел Хибри, изјави дека „Вол Стрит Џурнал“ размислувал за тоа да ги стопи златните и сребрените пари за да ги обезбеди потребните пари. Гувернерот пред себе има тешка задача – како да го отвори сефот, за кој шифрата ја има другата влада во Триполи, суровиот непријател на властите во Источниот дел од земјата.
Но, тие не сакаат да ја кажат шифрата затоа што се плашат дека парите ќе завршат во финансирање на милицијата.
Гувернерот на банката во Бејди најмил експерти за отворање на сефот, за кој верува дека можат да отворат речиси педесет години стари сефови.
Еден од експертите, Калед вели дека треба да се пробие заштитниот ѕид со бушење на дупка од 50 сантиметри, а потоа браварот со „специјални техники“ да се обиде да ја отвори вратата заштитена со петоцифрен код.
И ако успеат во намерата да го отворат, гувернерот на банката на патот ќе му стои локалното население кое инсистира да „скриеното богатство“ припадне на граѓаните на Бејда.
Падот на нафтата ја скрши Либија, земја богата со црното злато, а која се соочува и со политички проблем со две ривалски обиди да се изборат меѓусебем но истовремено и со џихадистите и Исламската држава.
Од кога во 2011 година е убиен повеќедеценискиоте владетел Муамер Гадафи, Либија се наоѓа во расцеп меѓу две фракции на спротивставените краеви на земјата.
Доминантно Исламистичката фракција, се прокламира по изборите во 2014 година, и се наоѓа во Триполи. Од друга страна, меѓународно признатата влада е стационирана на источниот град Тобрук.
Производството на нафта во моментов е намален за четвртина од 1,6 милиони барели на ден, колку се произведува во Либија за време на владеењето на Муамер Гадафи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.