Миленичката на Цеца, нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ наскоро ќе го прослави својот 18 роденден. За забавата која таа ја подготвува сите зборуваат на големо. Како што е и најавено, таа ќе биде подобра и поголема и од прославата на Вељко и од прославата на синот на Брена, Виктор.
Сите во исчекување на полнолетството на Анастасија, дури искреираа и група на Фејсбук во која целиот регион се шегува со тоа што треба да и се купи на миленичката на Цеца. Меѓутоа ова ја надмина и оваа група.
Имено на интернет се појави фотографија од тикет од обложувалница на кој некој за доаѓањето на Путин на полнолетството на Анастасија уплатил 1.000 динари. Сумата која овој човек може да ја добие е неверојатни 4.900.000 динари.
Со оглед на тоа дека Цеца своевремено коментираше како Путин е исклучителен и шармантен човек, можеби ќе го заведе и доведе на роденденската забава на својата ќерка. Тоа би ја направило забавата незабораваан, а и човекот кој се обложил милионер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.