| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се најчестите имиња во САД?

Ноа и Ема се најчестите имиња кои родителите ги давале на своите деца во САД во 2015 година, покажуваат статистичките податоци.

Ноа третпат по ред е најчесто машко име во САД. Низата трае од 2013 година, кога од листата го „симна“ Џејкоб, најпопларно име во САД 14 години по ред. Џејкоб пак го детронизираше Мајкл, кој ја предводеше листата полни 38 години, од 1961 до 1998 година.

Второ најчесто име во 2015 година било Лиам, а трето Мајсон. Ема ја предводи женската листа, пред Оливија, Софија, Ив и Изабел.

Само осум момчиња го добиле името Барак, по претседателот на САД Барак Обама.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top