| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешниот директор на „Симпо“ си ја убил жената

miroljub

Крвав масакр ја потресе Србија. Поранешниот директор на „Симпо“ во Србија, Мирољуб Петровиќ, ја убил својата сопруга. По убиството тој се обидел да се отруе со лекови и да се спаси од казна.

Поранешниот комерцијален директор на „Симпо“, 63-годишниот Мирољуб, со 35 убоди од нож ја убил својата 57-годишна сопруга Снежана. Тој ѝ ги задал убодите во градите и во стомакот, по што се обидел да си го одземе животот. Трагедијата се случила вчера наутро, а безживотното тело на жената го пронашла ќерката Уна.

Телото на Снежана е пренесено на Институтот за судска медицина, додека Мирољуб е однесен во Ургентен центар.

Мажот бил пратен на психијатриско лекување. Дошле кај ќерката за да бидат поблиску, а кога таа отишла до аптека, тој направил крвав масакр. Ќерката, која не можела да влезе во станот, се јавила в полиција, а кога влегле на местото на настанот, сликата била ужасна.

– Што ти згреши мама, зошто го направи ова – вреснала Уна кога ги видела вировите крв.

Никој не знае зошто Мирољуб ја убил сопругата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top