На споменикот „Паднати херои за Македонија“ во паркот Жена борец, вандалите со црвена боја оставија порака на која пишува „Илирида“.
Изминатиов период, цел на вандалите беа сите спомен-обележја во главниот град на кои се претставени значајни сегметни од македонската историја, борци, историски личности. За време на протестите ниту еднаш не беше сквернавено спомен обележје на албанската култура и историја.
Инаку, споменикот „Паднати херои за Македонија“, е од исклучително значење за Македонија и Македонците. Споменикот се состои од неколку сегменти. Агората претставена со фонтана и концентричен форум кој го означува светот на живите. На средината на фонтаната е поставена скулптура на Прометеј. Портата симболизира премин од светот на живите во вечноста, а коњичката квадрила врз портата оддава почит на мртвите херои. Третиот сегмент e некрополис – ротонда од монументални столбови, кој треба да го претставува светот на вечноста. Во неговата средина има обелиск со скулптура на римската божица на победата – Викторија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.