| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдено парче метал од авионите кои ги срушија кулите близначки

Њујоршката полиција пронашла дел од еден од авионите кои на 11 септември 2001 година удрија во зградите на Светскиот трговски центар. Се работи за п

арче метал со должина од околу метар и половина и широчина околу метар. На него има видлива ознака од Боинг и сериски бро. Металот бил пронајден во средата меѓу две згради, три блока подалеку од местото каде што се наоѓаа кулите.

Една од зградите каде што е најдено парчето е зградата на исламскиот центар, за која се водеше жестока полемика дали треба да биде изградена толку блиску до местото каде што се наоѓаа кулите близначки. Полицијата го загради подрачјето и рече дека ќе истражи заради евентуални човечки останки.

Постојат шпекулации дека парчето метал не било таму од 2001 година, туку дека е намерно подметнато подоцна. Во терористичкиот напад на 11 септември загинаа над 3.000 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top