| четврток, 6 декември 2018 |

Амбасадорот Боцевски ги предаде копиите на акредитивните писма во Бразилија

Амбасадорот на Република Македонија во Федеративната Република Бразил Ивица Боцевски ги предаде копиите на акредитивните писма на Сержио Франса Данезе, генералниот секретар на бразилското Министерство за надворешни работи.

bocevski

-Во разговорот по церемонијата на предавањето на копиите од акредитивите генералниот секретар Данесе истакна дека Бразил високо го цени отворањето на македонската амбасада во Бразилија, кое што воедно е и прво македонско дипломатско претставништво во Јужна Америка. Амбасадорот Боцевски искажа дека претставува висока чест и задоволство да ја претставува Македонија во Бразил, како и дека ќе настојува да ги продлабочи пријателските односи помеѓу двете земји во сите сфери, а посебно ги истакна потенцијалите за проширување на взаемната економска соработка, информираше македонското Министерство за надворешни работи.

bocevski1

Церемонијата на предавањето на копиите на акредитивните писма на вториот човек на бразилското МНР се организираше во палатата Итамарати во главниот град Бразилија. Боцевски и Данезе се согласиле дека не постојат никакви пречки за унапредување на взаемните односи и дека постои широко поле за развивање и унапредување на соработката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top