„Во Македонија беше спречено гласањето за буџет и обид (на СДСМ) по секоја цена да се предизвика инцидент… (Тоа) Не може да се дозволи, бидејќи двајца фашисти во кое било Собрание може да направат проблем. Кажувам дека се користени антипарламентарни методи… Во сите модерни парламенти, собраниското обезбедување реагира кога некој се обидува да го наруши редот во парламентот“, му се обрати политикологот Ивица Боцевски на аналитичарот Дане Талески, кој бара политичка одговорност од собранискиот претседател во кратката дебата објавена на интернет.
За поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, парламентот е место каде е изгласана независноста, каде е утврден македонскиот демократски систем.
Обраќајки му се директно на Талески, Боцевски вели: „Тоа беше невидено понижување од ваша страна, проблемот е во револуционерниот филм, кој тоталитарно ја двои вашата страна. Такво разгодопадено однесување.. Кој е Минчев да седи на маса, на столчето на претседателот на Собранието? Онаков беден обид на една тема, која е ирационална и економската наука ја отфрли како опасност, за мене е бомба… Јас видов дека СДСМ по секоја цена се обидуваше да ја уништи парламентарната демократија, со антипарламентарни методи“, смета Боцевски за настаните од 24 декември минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


