| четврток, 6 декември 2018 |

Фоксњуз ги разоткри Сорос и неговите новинари-платеници: Панамските документи сведочат за нивниот криминал

panama-soros

Милионерот Џорџ Сорос, кој троши милиони долари на финансирање демократи и левичари, ја користел контроверзната панамска адвокатска фирма за да создаде мрежа од офшор инвестициски партнерства кои ќе работат во светот и надвор до релулативата на САД.

Панамските документи, кои содржат околу 11,5 милиони финансиски документи кои покажуваат како фирмата Мосак Фонесека им помагала на политичари, познати и на криминалци да ги заштитат своите пари од даноци, содржат и податоци за Сорос, кој ја финансира и групата новинари кои ги распространува информациите. Засега Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари молчи за поврзаноста на својот добротвор со адвокатската форма.

Во Панамските документи има информации за три офшор инвестициски фондови под контрола на Сорос: Сорос финансии инк, основана во Панама; Сорос холдинг лимитед со седиште на Британските Девствени Острови и Сорос капитал, основана на Бермуди.

Законите на Панама, Бермуди и на Британските Девствени Острови и „даночните раеви“ им овозможуваат на сопственици на странски фирми да ги сокријат приходите и нивната сопственост, со што избегнуваат плаќање даноци во матичните држави.

По откривањето на Панамските документи оставка поднесе исландскиот премер. Претседатели на држави, министри, славни ѕвезди, наследници, дилери на оружје и дрога, лордови кои основале тајни офшор компании и имаат отворени банковни сметки во даночни раеви – сите тие се речиси секојдневно во текстовите на ИЦИЈ.

86-годишниот Сорос е проценет на 25 милијарди долари. Неговиот институт Отворено општество е еден од главните инвеститори на ИЦИЈ, кој минатата година му доделил 1,5 милиони долари на Меѓународниот конзорциум. Панамските документи го откриваат само врвот на ледената санта на Соросовите офшор бизниси – Квантум групацијата на фондови.

Претседателот на ИЦИЈ, новинарот Џерард Рајл, вели дека не забележал компании на Сорос во протечените податоци за офшор зделки додека не му се јавиле од Фоксњуз.

„Се сомневам дека имаме повеќе податоци [за Сорос], бидејќи јавната база на податоци… не ги содржи податоците што ги посочивте, стои во одговорот на Рајл на писмото на Фоксњуз.

Фоксњуз побарал увид во податоците.

Бидејќи седиштето на Квантум групацијата на фондови е надвор од САД, фирмата не подлежи на законите и даночните регулативи на Комисијата за безбедност и размена на САД. Но, во средината на деведесеттите Сорос капитал купил неколку фирми кои се во надлежност на Комисијата за безбедност и размена, со што требало да ја прикаже основната шема на Квантум мрежата која поврзува офшор компании и банкарски сметки кои ги кријат Соросовите милијарди.

Вмешаност во продажба на оружје и шпионажа

Сорос капитал формира офшор компанија со седиште на Кајманските Острови за вложување приватен капитал со Карлајл груп, вклучувајќи ги и членовите на семејството на Бин Ладен од Карлајл груп од Саудиска Арабија. Партнерите Карлајл се и поранешни шефови на држави (Џорџ Буш) и поранешни функционери на ЦИА. Оваа приватно парнерство се занимава исклучиво со купување и продажба на оружје, производство и собирање на разузнавачки информации со владини и воени договори, а костисти и тајни офшор компании за водење на бизниси.

Офшор ликс или протечените документи за офшор зделки не содржат информации на Комисијата за безбедност и размена, но го откриваат Сорос како главен инвеститор и директор на АИФ (Индонезија) лимитед (Инфраструктурен фонд на АСЕАН – Асоцијација на нациите од Југоисточна Азија). АИФ здружува приватни и државни фондови кои се донација на владите на земјите од АСЕАН за развој на крупни инфраструктурни проекти. Протечените податоци го поврзуваат Сорос капитал со Донгја портс лимитед, која е во сопственост на многу офшор ентитети.

Во 1992 година, овој самопрогласен филозоф-економист успеа да се збогати со речиси пропаднатата Банка на Англија преку манипулирање со цената на фунтата. Пет години подоцна, тој ја влошува регионална економска криза со обложување против Тајландските и Малезијските валути. Милијарди долари профит од валутите заработени на овој начин се слеваат во Квантум групацијата на фондови.

Сорос е единствен сопственик на Сорос фонд менаџмент со седиште на Менхетн, фирма која ја контролира офшор империјата. Во јули 2011 година Сорос го затвори фондот за сите освен за членовите на своето потесно смејство, што му овозможи да го избегне  Дод-Франковиот закон за хеџ фондовите да ги открие инвеститорите. Неколку месеци подоцна Сорос ја загуби последната жалба на неговата осуда од 2002 година од страна на францускиот суд за инсајдерско тргување. Но, тој успева да ја зачува политичката моќ.

381 милион долари за Отворено општество во 2014 година

Во 2014 г. преку Квантум групацијата на фондови Сорос донира 381 милион долари на Отворено општество. Фондацијата со седиште во Њујорк поддржува илјадници адвокатски групи, академски истражувањаи проекти од истражувачко новинарство кои имаат цел да промовираат голбален капитализам и демократија.

Од друга страна, пак, од Панамските документи се гледа дека голем број офшор фирми и банкарски сметки се објавени, бидејќи „нееднаквоста на приходите“, и „масовната растечка корпција“ „се белези на нашето време“.

Офшор компаниите на Сорос можеби не плаќаат даноци на САД (неговиот портпарол, Мајкл Вачон, одби да одговори на тоа прашање), но милијардерот донира многу пари на демократите во САД кои ги спроведуваат даночните закони. На претседателските избори во 2004 година тој им донира 24 милиони евра на противниците на Џорџ Буш. Тој е најголемиот донатор за кампањата на Хилари Клинтон за претседателската функција, досега платил за таа цел 8 милиони долари. Тој донираше 1 милион долари и за фондацијата Клинтон. И објавените мејлови на државниот секретар Хилари Клинтон, кога таа била на таа функција, откриваат дека Сорос политички соработувал и лобирал за нејзините интереси, најмногу на црно.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top