Што се нема да му истекне на заматениот ум понесен во страст при развод, притоа зачинет со дрога. Американецот Чед Холм им дал на своите синови стари 5 и 7 години колачиња во кои имало дрога за да може да и се освети на нивната мајка.
Всушност и тој и поранешната сопруга се поранешни корисници на дрога. Старателството во 2011 го добил таткото, чии резултати биле „чисти“, а мајката- зависник била пратена на лечење. Откако лечењето завршило, сега повторно се разгледува старателството.
Таткото за да и ги намали шансите за старателство, им ги дал „зачинетите“ колачиња на децата со метамфетамин кои дома ги јаделе со мајката. Таа за американските медиуми раскажува како имале грозен вкус и дека не ги ни изеле до крај.
Вистината излегла на виделина откако следниот ден контролните тестови на мајката биле позитивни на дрога. Таа се сетила на колачињата и на нивниот вкус.
Сега таткото покрај за местенката и за ставање на децата во опасност, се товари и дека ги лажирал резултатите со кои го добил старателството, бидејќи на повтореното тестирање по случајот покажал присуство на дрога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.