Кошаркарот на Фенербахче, Никола Калиниќ доживеа непријатност во финалето на Евролигата, бидејќи едно негово „излетување“ од теренот предизвика тепачка.
Имено, Калиниќ по еден фаул над него заврши покрај аут-линијата и во таа пригода еден навивач на ЦСКА намерно го оттурна и предизвика инцидент на теренот.
На Калиниќ тоа не му се допадна, исто како и на турските навивачи на трибините и многу брзо се создаде тисканица. Имаше закани, туркање, но за среќа сè помина без поголем инцидент.
Тоа не беше било кој навивач, туку рускиот моќник Дмитриј Владимирович Конов, кој го оттурна Калиниќ за да ја заштити својата девојка со која седеше во ложата.
Дмитриј Конов е еден од најбогатите руски моќници, прв човек на руската гасна и петрохемиска компанија Сибир, притоа финансиер на Евролигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.