| четврток, 6 декември 2018 |

Застрашувачки прогнози – наредните месеци ќе бидат најтопли во последниве 130 години?

hot

Нека не ве залажува сегашнава ниска температура. Според најновите информации што ги објави НАСА, април оваа година бил шести месец во низа што имал температура, мерена на глобално ниво, повисока од просекот.

Односно температурата во април била за еден процент повисока во однос на просекот, кој опфаќа мерење во периодот од 1951-1980 година.

Април со олку висока температура ја најави исклучително топлата 2016 година. Се предвидува дека за неколку месеци ќе имаме абнормално висока температура, каква што не е забележана во последните 130 години. Стручњаците велат дека порастот на температурата има последица по животната средина и додава дека нивото на мраз во океаните ова лето ќе биде многу ниско. Во меѓувреме, околу една четвртина на сите корални колонии во океаните претпреа избелување поради потоплата вода и зголемена киселост на морето. Се очекува рекордната температура да се задржи во наредните четири до шест месеци.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top