Новак Ѓоковиќ му честиташе на Енди Мареј на заслужената победа во финалето од турнирот во Рим. Сепак, Србинот го критикуваше судијата на мечот, кој и покрај протестите на Ѓоковиќ околу лизгавата подлога, сепак, донел одлука мечот ниту за момент да не биде прекинат.
– Не барав од судијата да го одложи мечот, само да направи пауза. Тој знаеше дека веќе нема да паѓа дожд, мислев дека можеше да направи кратка пауза. Трипати за малку ќе го свиткав зглобот. Тој е таму за да донесува одлуки, но за мене е смешно како судија во „градски чевли“ да решава дали е лизгаво или не. Ние сме тие кои трчаат и можат да се повредат. Се обидував да имам позитивни мисли, но уморот беше присутен и ме стигна. Енди Мареј играше на многу високо ниво и заслужено победи, неговиот напредок при настапите на земјена подлога е фантастичен – изјави Ѓоковиќ.
Најдобрите светски тенисери следните денови ќе ги искористат за одмор пред предизвикот што го носи Ролан Гарос, вториот гранслем турнир за годинава што ќе стартува в недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.