Европската валута, според оценките на аналитичарите на некои од најмоќните инвестициски банки, ќе падне под вредноста на доларот.
Аналитичарите единствено не се согласуваат само околу тајмингот кога тоа точно ќе се случи.
Голдман Сач, кој подолго време се смета за инвестициска банка со еден од најпесимистичките погледи на еврото, го промени мислењето и сега смета дека европската валута следната година нема да падне под паритетот на доларот, но дното е на 1,05 долари.
Аналитичарите од Голдман Сач и натаму очекуваат дека во следните три години еврото ќе падне на 0,9 американски долари. Тие сметаат дека каматните стапки во САД нема да бидат зголемени толку многу колку што порано се мислеше, што е поврзано со движењето на вредноста на доларот, бидејќи пониските каматни стапки го спречуваат растот на вредноста на доларот.
Дојче Банк малку ги коригираше шансите за европската валута, но сепак очекува дека еврото следната година ќе вреди помалку од доларот. Моменталниот однос на еврото наспроти доларот е 1,13.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.