| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемиот транспортен авион слета во Австралија – го пречекаа 50 илјади луѓе (ВИДЕО)

После четиридневно патување најголемиот транспортен авион на светот „Ан-225 Мрија“ долета во Австралија, а при неговото слетување го пречекаа 50 илјади луѓе.

mkd-86619

Авионот полетал од Прага во средата и откако сопре на три попатни „станици“ во Туркменбаши, Хајдерабад и Џакарта, конечно слета во Перт – Австралија каде што го пречекаа 50 илјади Австралијци.

Авионот кој има носивост од фантастични 250 тони е произведен во Украина врз основа на нешто помалиот „Антонов Ан-124 Руслан“, а првобитно е развиен за потребите на советската вселенска програма, односно за транспорт на орбитерот „Буран“ кој се пренесуваше токму на овој авион.
При слетувањето на најголемиот транспортен авион на светот се собраа 50 илјади Австралијци кои што сакале да го погледнат „Летечкиот џин“, а поради големиот интерес, околу аеродромот во Перт настанал огромен метеж и вистински колапс во сообраќајот.

„Ан-225 Мрија“ е најтешкиот авион на светот и има должина од 84 метри. Должината на авионот од врвот на едното, до врвот на другото крило изнесува 88 метри. Може да пренесе двојно повеќе товар отколку неговиот најголем „ривал“ – „Боинг 747“ и може да развие брзина од 850 километри на час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top