Сопругот на убиената пејачка Јелена Марјановиќ, Зоран Марјановиќ одлучил некој друг да ја отпее песната која неговата сопруга ја снимила пред смртта.
Зоран наводно решил „дуетот“ да и го понуди на Светлана Цеца Ражантовиќ.
-Сакам да ја завршам таа песна. Чекав да поминат 40 дена и малку психички да се средам за да можам да влезам во студио, изјавил Марјановиќ за медиумите.
Како што открил Зоран, Цецеа била омилена пејачка на неговата сопруга, па тој токму поради тоа решил дека би било најдобро Цеца да го отпее вториот дел од песната.
Потсетуваме, Јелена беше брутално убиена на 2 април, а нејзиното тело е пронајдено на насип во Борча. Нејзиниот убиец се уште не и е познат на јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.