| четврток, 6 декември 2018 |

Беше секси трудница, сега е најзгодна мајка – неа сите ја мразат бидејќи и завидуваат

sara

Манекенката Сара Стејџ (31) секогаш пленела внимание со својата појава и заводливо тело. Но во тек на бременоста, убавата манекенка се најде на удар на критики и погрдни коментари, бидејќи многу се грижеше за своето тело. Имено таа толку вежбала, што во осмиот месец изгледаше како на почеток на бременоста, а пред самото пораѓање се уште имаше плочки на стомакот.

sara2

Тогаш некои мајки ја затрупаа со негативни коментари, оценувајќи ја како празноглава, на која на прво место и е изгледот, наместо нејзиното дете.

sara3

Меѓутоа, Сара не ја допираа ваквите навреди, туку продолжи да се грижи за своето тело со истиот интензитет и после породувањето, поради што важи за најсексапилна мајка меѓу познатите.

-Не разбирам зошто некому би сметало тоа што добро изгледам во бременоста. Секој има свој живот и знае што е најдобро за него. Ако на другите им е во ред да имаат запуштен изглед во бременоста, тоа не е моја работа. Моето дете е здраво и среќно, а приказните дека мојот изглед не е здрав за бебето се само малициозни коментaри на љубоморните луѓе-истакнала Сара.

sara4

Убавата манекенка неодамна го прослави првиот роденден на малиот Џејмс, кој одлично напредува.

sara5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top