Францускиот град Рен е зафатен од силни протести против реформите на законот за работни односи. Незадоволните граѓани палеа автомобили и канти на улиците и демолираа објекти.
Демонстрантите ја гаѓаа зградата на Собранието на градот со разни предмети и испишуваа пораки на неа. Полицијата се обиде со солзавец да ги растера демонстрантите.
-Центарот на градот е затворен, а хеликоптер го надлетува подрачјето во кое се движат демонстраните, рече еден жител на Рен и додаде дека има многу полиција на улиците и дека на граѓаните им се препорачува да одтанат дома поради нивна безбедност.
Повеќе од еден месец ширум Франција се одржуваат протести против реформите во законот за работни односи кои често се проследени со насилство и нереди.
Движењето „Будни цела ноќ“ е формирано на 31 март кога на улиците на француската престолнина се собраа главно млади лица, барајќи од владата да се откаже од најавените реформи на законот со кои се предвидува промена на 35-часовното работно време и укинување на други бенефиции за работниците, за кои тврдат дека ќе ја влошат состојбата на работникот во Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.