| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарки го освоија Купот

vardar-kup-2016

Ракометарките на Вардар го освоија четвртиот трофеј во Купот на Македонија. Доминацијата во домашното првенство ја потврдија и попладнево во финалето на националниот куп каде убедливо го совладаа Металург со 39:21.

Вардарки уште во 7. минута имаа водство од 5-0, а 10 минути подоцна веќе имаа и десет поени предност (14-4). Првото полувреме заврши со резултат 23-8.

Во второто полувреме имаше за нијанса порамноправна игра, но по големата разлика од првиот дел Вардар рутинирано изиграа до крајот и стигнаа до победата.

ЖРК Вардар го освои третиот куп-трофеј во низа, а вкупно четврти, со што се изедначи по бројот на трофеите во националниот куп со денешниот ривал, Металург.

Сања Дамњановиќ и Олга Черноиваненко беа најефикасни во победничкиот состав со по седум погодоци.

За најкорисен играч (МВП) на завршниот турнир, кој се играше во скопската населба Автокоманда, беше прогласена Андреја Кликовац.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top