| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајна несреќа во Прилеп, изгубил контрола и се забил во автобус

Сообраќајна несреќа во Примеп. Вчера во 10 часот и 50 минути на регионалниот пат Прилеп-Вештачко езеро се случила сообраќајна незгода во која „Лада рива“ без регистарски ознаки, управувана од 20-годишниот Е.У. од Прилеп, изгубила контрола и удрила во паркиран автобус „Неоплан“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на „Бисер пром“ ДОО Скопје.

soa

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Е.У. кој бил пренесен во болницата во Прилеп и истиот ќе биде задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полицијата во Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top