Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб, во западните делови умерен јужен и југозападен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 4 до 10, додека дневните ќе бидат во интервал од 16 до 27 степени.
Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 8 и дневна до 24 степени.
УВ индексот ќе изнесува 6.
Во наредните три дена во попладневните часови ќе има локален краткотраен дожд со ретки грмежи, а температурите ќе бидат во опаѓање. Од средината на неделата ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.