| четврток, 6 декември 2018 |

Лидерите на двете заедници на Кипар најавуваат договор до крајот на 2016

Лидерите на кипарските Грци и Турци, Никос Анастасијадис и Мустафа Акинџи во заедничка изјава нагласија дека како никогаш досега се посветини на решавање на проблемот на Кипар и изразија оптимизам дека е можен договор за обединување на островот до крајот на 2016 година.

63

Во заедничкото соопштение објавено денеска, лидерите на двете кипарски заедници изразуваат задовоство од текот на преговрите во изминатава година и нагласуваат дека се подготвени „да ги демонстрираат неопходните волја и поттик за надминување на разликите во ставовите“ што се уште постојат меѓу нив.

Анастасијадис и Акинџи нагласуваат дека секој договор за обединување на Кипар мора да ги земе предвид ставовите на двете кипарски заедници, кои се поделени од 1974 година со турската инвазија на осторовот, чија цел беше да спречи негово припојување кон Грција.

– Договорот за обединување на Кипар ќе придонесе за стабилност и за соработка во регионот, истакнуваат во заедничката изјава лидерите на двете кипарски заедници.

Преговорите меѓу кипарските Грци и Турци со посредништво на ОН беа возобновени во мај минатата година, а од ноември тие добија засилен интензитет. Целта на преговорите е создавање единствена федерална држава на сега поделениот остров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top