| четврток, 6 декември 2018 |

Се омажи најмалата ќерка на Ердоган, на свадбата имало 6.500 гости

Ќерката на турскиот претседатгел Реџеп Таип Ердоган, Сумеја Ердоган (31) денес се венчаше со својот избраник Селчук Бајрактар, син на турскиот бизнисмен Јоздемир Бајрактар.

На граѓанската венчавка присуствувале поранешниот претседател на Турција, Абдула Ѓул, премиерот на Турција Ахмет Давитоглу, начелникот на Генерал штабот на Турција, членот на претседателсттво на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ, премиерот на Албанија Еди Рама, премиерот на Пакистан Наваз Шериф како и многубројни државни официјални лица, бизнисмени и уметници. Церемонијата се одвивала под засилени безбедносни мерки.

160514089_4_xl

На венчавката бил прикажан краток филм кој започнал со фотографии од Сумеја и нејзиниот татко додека била дете. Покрај тоа во филмот биле прикажани и детали за приватниот живот на Сумеја и нејзините интереси.

На сличен начин бил прикажан и филм за младоженецот. Церемонијата се одржала во големиот конгресен центар во Истанбул, а присуствувале дури 6.500 гости.

Сумеја е најмладата од четирите деца на Ердоган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top