Поранешниот македонски репрентативец Перо Антиќ во својата кариера пред да се пресели во НБА лигата има освоено две евротитули со Олимпијакос од исто толку учества на фајнал-фор турнирите.
Вечерва во неговото трето учество со Фенербахче успеа да слави победа во второто полуфинале над Лаборал Куча од 88-77 по едно продолжение.
Во регуларниот дел, мечот заврши 72-72, а Костас Слукас го спаси турскиот тим од пораз. Фенербахче в недела (20 часот) во големото финале на Ф4 од Евролигата во Берлин ќе ги одмери силите со ЦСКА Москва која претходно вечерва ги „среди“ сонародниците од таборот на Локомотив, за која македонскиот кошаркар настапуваше пред неколку години.
Ова беше фантастичен натпревар со драматичен финиш во кој Фенербахче добро го отвори натпреварот, доминираше во првата четвртина во која обезбеди солидна предност, а која успеа да ја задржи сѐ до крајот на првото полувреме. Резултатскиот пресврт дојде во финишот од третата четвртина, кога шпанскиот состав првпат дојде во водство, кое константно го одржуваше во најголем дел од последниот дел од средбата. Но, на крајот победи поголемото срце на Антиќ и неговите соиграчи, кои на турскиот гигант му го донесоа историското прво финале.
Антиќ од тренерот Жељко Обрадовиќ доби забележителна улога поминувајќи на паркетот 28 минути, а успеа да реализира осум поени и да фати седум топки под обрачите.
Богдан Богдановиќ со 18 поени, од кои неколку исклучително важни во продолжението, беше најефикасен во победничкиот тим. Луиџи Датоме беше стрелец на 15 поени, а Весели и Удох реализираа по 14 поени. Јанис Бурусис со 22 поени и 10 скока беше најдобар кај Лаборал Куча.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Финалето на Копа Либертадорес би можело да се играат во Европа
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
Нант во финалето на ракометната Лига на шампиони