| четврток, 6 декември 2018 |

Добредојде на Твитер, тато – Челзи објави стара семејна фотографија на Клинтонови

Челзи му посака добредојде на нејзиниот татко Бил Клинтон на Твитер, со една стара заедничка фотографија.

– Една од моите омилени фотографии – мојот татко и јас. Тој само што дојде на Твитер – напиша 33-годишната Челзи под црно-белата фотографија.

Инаку, поранешниот американски претседател за помалку од 24 часа на својот нов профил на Твитер собра повеќе од 400 илјади следачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top