Жител на Богданци добил четири години затвор бидејќи тешко повредил и силувал 80-годишна жена.
Обвинетиот З. С. (47) делото го сторил на 21 јануари годинава во 6:30 часот во дворот на средното училиште „Богданци”, кај спортската сала.
Тој, кога ја забележал осумдесетгодишната жена во дворот на училиштето, ја нападнал, по што со сила ја одвлечкал зад една од грмушките и ја силувал, по што избегал.
Старицата, поради здобиените повреди, била задржана на лекување во Општа болница – Гевгелија.
Спасиќ пред Судот го признал делото и се спогодил со Јавното обвинителство, па судија во претходна постапка од Основен суд Велес му ја изрекол оваа казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.